Плавушата и ладното време (виц)

Една плавуша патувала со воз и во купето седела до прозорецот кој бил отворен. Патникот кој седел до вратата ѝ рекол:
– Извинете, ќе сакате ли да го затворите прозорецот, надвор е ладно.
Плавушата само го погледнала и ништо не одговорила. Поле извесно време, мажот пак ѝ рекол:
– Извинете, ќе сакате ли да го затворите прозорецот, надвор веќе е многу студено.
Плавушата пак го погледнала и пак ништо не рекла.
Мажот се изнервирал, станал и го затворил прозорецот. Тогаш плавушата кавгаџиски го прашала:
– И што сега?! Надвор да не стана потопло?!