Плажите во Шпанија се затвораат бидејќи во водите се забележани ајкули долги 3 метри
Спасувачите вчера втор ден по ред им наредија на туристите да излезат од водата на плажата Меленара на источниот брег на Гран Канарија. Полициски беспилотни летала забележале ајкула-чекан на плажата во текот на викендот.
Плажата беше повторно отворена дури во неделата по претходен инцидент, а забраната за пливање сега е проширена на уште две плажи бидејќи ајкулите се преселиле во плитките води.
Блиската плажа Салинетас брзо потоа се затвори, со Плаја де Сан Агустин блиску позади, додека спасувачите подигнаа црвено знаме таму само два часа подоцна кога турист ја фотографираше перката на ајкула како излегува од водата.

Последната појава на ајкула ја документираше турист во близина на ресторанот со поглед на море „Balcon de San Augustin“.
Но, ајкулата исчезнала скоро исто толку брзо како што била забележана, при што локалната полиција и другите службеници не можеле да ја пронајдат неидентификуваната ајкула и покрај нивните најдобри напори.
Тие, исто така, не разјаснија дали забележаната ајкула била ајкула-чекан, истата таа следена од плажата Меленара што предизвикала паника кога се појавила во близина на брегот во саботата.
Локалната полиција првично со дрон потврдила дека ајкулата е долга нешто помалку од 2 метри, а вториот извештај сугерира дека можеби е огромна ајкула од 3 метри.
Портпаролот на Советот на Телде, општината на која ѝ припаѓа плажата Меленара, изјави: „Важно е луѓето да останат мирни и да ги следат упатствата на спасувачите и властите“.

Една млада девојка која била во водата кога се појавила ајкулата изјави: „Спасителот почна да свири и да им сигнализира на сите да излезат од водата, а јас погледнав наоколу и ја видов нејзината перка“.
Еден пријател додаде: „Ја видовме перката која беше околу 18 сантиметри надвор од водата и почнавме да се движиме најбрзо што можевме назад кон плажата“.
Ајкулите-чекан можат да пораснат до 6 метри во должина и тежат до 450 килограми, а генерално се сметаат за безопасни за луѓето. Регистрирани се само неколку напади, а океанските биолози рекоа дека неодамнешните глетки веројатно не се причина за загриженост.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно