Плишаниот мајмун од ИКЕА стана неочекуван хит откако го спаси осаменото мајмунче Панч – играчката се распродава за стотици долари
ИКЕА целосно ја распродаде својата преслатка мека играчка орангутан Џунгелског, која во продавниците чинеше околу 20 долари, но најголемата побарувачка започна кога светот ја дозна тажната вест за малиот мајмун кој беше одбиен од својата мајка и од други мајмуни во зоолошката градина во Ичикава, Јапонија.

Содржина:
- Мајмунчето Панч доби мека замена за несреќното детство – ја гушкаше играчката исто како мајка
- ИКЕА даруваше уште играчки за Панч, а купувачи раскупуваат се и препродаваат по 10 пати поскапо
- Панч стана светска сензација, а илјадници луѓе го посетуваат за да го видат со меката играчка
- Панч конечно прави напредок во групата мајмуни и секој ден учи како да биде како нив
Мајмунчето Панч доби мека замена за несреќното детство – ја гушкаше играчката исто како мајка
Панч, седуммесечното мајмунче макака, доби една од овие играчки од ИКЕА за утеха, откако и мајка му, и останатите мајмуни го одбија. Трогателните фотографии од Панч кој си игра со меканата играчка веднаш станаа глобален вирален хит, па тоа доведе до целосна распродажба во ИКЕА низ Америка, Јапонија и Јужна Кореја.
Според локалните извештаи, Панч ја третира играчката како мајка што никогаш не ја имал – со неа спие, јаде и си игра. Приврзаноста не ја изненади само екипата на зоолошката градина, туку ги освои и срцата низ целиот свет.

ИКЕА даруваше уште играчки за Панч, а купувачи раскупуваат се и препродаваат по 10 пати поскапо
Петре Фаре, претседател и главен одговорен за одржливост на ИКЕА во Јапонија, ја посети зоолопката во Ичикава за лично да подари неколку резервни играчки за Панч, така што никогаш повеќе да не биде без мекана прегратка. Онлајн љубителите исто така ги испразнија залихите – еден купувач од Тексас се снабди со 17 вакви играчки, па сега ги препродава по 52 долари на eBay. Една играчка дури се продава за 350 долари на интернет. Само во еден ден, 12 од нив беа продадени.
Панч стана светска сензација, а илјадници луѓе го посетуваат за да го видат со меката играчка
Илјадници туристи ја посетуваат зоолошката градина во Ичикава само за да го видат Панч и неговата играчка. Се создаваат долги редови пред кафезот, а менаџментот откри: „Ова е нешто што никогаш досега не сме го доживеале“. На социјалните мрежи се коментира: „Слатко е да се гледа како малото мајмунче ја влече играчката со себе, но во исто време е многу тажно“.

Панч конечно прави напредок во групата мајмуни и секој ден учи како да биде како нив
Од зоолошката велат дека Панч постепено ги продлабочува контактите со другите мајмуни од својата група. „Секојдневно има нови искуства – го чешлаат, се занесува со нив, добива и карање понекогаш – и секојдневно учи како да биде дел од мајмунскиот свет!”

Коментирај анонимно