Пливањето било за „слабите“: Вака луѓето оделе на плажа пред 130 години

Богатите Британци беа едни од првите кои покажаа интерес за релаксирање на плажите, а ерата на јавни плажи започна кон крајот на 19 век.

Британците одеа на море по совет на лекарите, особено оние за кои сметаа дека се многу послаби од работничката класа кои беа мускулести и исончани затоа што деновите ги минуваа на сонце, работејќи напорно.

Едно од првите одморалишта што се појави на источниот брег на Англија во малиот град Скарборо близу Јорк. Покрај слабите Британци, плажите ги посетувале и уметници кои биле инспирирани да создаваат морски сцени. Тогаш беа лансирани првите школи за пливање, и на море и во реки како Темза и Сена.

Но, на почетокот, многу луѓе не пливаа и се сончаа – луѓето доаѓаа на плажите да се дружат, да шетаат и да се одмораат на чист воздух и повремено да се натопуваат за да лекуваат болести. Луѓе закопчани до грло кои често доаѓаа со коњи, не беа необична глетка на плажа.

Кон крајот на 19 век, жените се капеа во памучен костим за капење. Странските гости не гледаа со одобрување на навиката на локалното население да влегува во морето во алишта или без облека.