Плод на имагинација или нешто повеќе? Пет луѓе кои тврделе дека се патници низ времето
Патувањата низ времето се фасцинантна тема која науката сè уште не успеала да ја реализира. Таа одамна е дел од филмови и книги, но од време на време се појавуваат луѓе кои тврдат дека го постигнале невозможното – патување низ времето, а некои дури и приложуваат докази.
Иако многумина ги сметаат овие приказни за чудни и неверојатни, постојат моменти кога доказите се толку импресивни што е тешко да се игнорираат. Еве пет необични приказни за луѓе кои тврделе дека се патници низ времето. Дали се ова само плод на имагинацијата или нешто повеќе? Одлуката ја оставаме на вас.
1. Прошетка низ времето: случајот на Моберли и Журден
Во 1901 година, научничките Елеонор Журден и Шарлот Ен Моберли го посетиле Версајскиот дворец и тврделе дека доживеале „временски пресврт“. Во својата книга „Авантурa“, тие ја опишале средбата со настани од крајот на XVIII век.
Инцидентот се случил кај Петит Трианон, каде атмосферата одеднаш станала необично тивка. Тие наводно виделе луѓе облечени во облека од XVIII век, па дури и Марија Антоанета, кралицата на Франција. Иако приказната наишла на сомнеж и потсмев, некои историчари веруваат дека можеби станувало збор за театарска реконструкција.
2. Џон Тајтор: „Хрононавтот“ од иднината
На почетокот на 2000-тите, интернетот беше преплавен со објави од Џон Тајтор, кој тврдеше дека е патник од 2036 година. Тој детално ја објаснил технологијата за својата временска машина и правел предвидувања за иднината.
Тајтор предвидел граѓанска војна во САД во 2008 година и кратка нуклеарна војна во 2015 година. Неговите објави исчезнале во 2001 година, а откако предвидувањата не се остварија, популарноста му опадна.
3. Мајк „Лудиот“ Маркум: обид за патување низ времето
Во 1995 година, Мајк Маркум тврдел дека изградил уред за патување низ времето со помош на „скалата на Јаков“. Машината на Мајк Маркум, наречена „скала на Јаков“ (Jacob’s Ladder), била уред што користел електричен лак — светлечка искра која се создава кога електричен напон предизвикува пробој низ воздухот или друг гас. Ова е феномен што често се користи во демонстрации на електрична енергија или во некои технички апликации.
Тој експериментирал со својата машина, но украл трансформатори за да ја заврши. По кратка затворска казна, повторно ја продолжил својата мисија. Во 1997 година исчезнал, што го поттикнало верувањето дека успеал да патува низ времето.
4. Ендру Карлсин: патник низ времето на берзата
Во 2003 година, Ендру Карлсин од $800 заработил неверојатни $350 милиони тргувајќи на берзата. Кога бил уапсен, тврдел дека дошол од 200 години во иднината и ги користел своите знаења за берзата.
Сепак, многумина веруваат дека ова е само измислица на таблоидите.
5. Ал Билек и Филаделфискиот експеримент
Ал Билек тврди дека бил дел од Филаделфискиот експеримент во 1943 година, кога ВоенаТА морнарица на САД експериментирала со невидливост на бродот USS Eldridge. Според него, експериментот ги пренел него и неговиот брат во 2137 година, каде виделе напредна технологија и свет погоден од климатски катастрофи.
Дали овие приказни се измислици, грешни толкувања или вистински искуства? Сè уште немаме одговор, но тие остануваат потсетник за тоа колку далеку може да оди човечката фантазија.
Коментирај анонимно