„Plus size“ девојка открива паметен начин на којшто вашата фигура ќе изгледа добро и покрај тоа што имате меше

Доколку не се чувствувате премногу самоуверени во здолништата кои ги носите, кралицата со плус големина, има трик што ја менува играта.

Инфлуенсерката Кароби го сподели својот паметен „хак“ со своите следбеници.
„Внимание кралици со облини, не носете го здолништето вака“, започна таа во своето видео на „TikTok“.

 

 

Таа носеше здолниште со цветен принт од лаванда и се чинеше дека изгледаше во ред. Но, идејата на Кароби беше да го покрие стомакот и да не дојде толку до израз. За да го постигнете ова, едноставно „штипнете го здолништето“, направете нерамнини и наместете го по ваш вкус.
Според Кароби, нерамнините ќе го одвлечат вниманието од вашиот стомак.

 

Фановите позитивно реагираа на овој трик на Кароби.

„СЕКОГАШ го правам тоа со фустани со боди. Мајка ми мисли дека тоа е чудно“, напиша едно лице.
„Јас поседувам такви здолништа и никогаш не ги носам бидејќи сум несигурна и овој совет ми помогна многу“, додаде друг.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *