По 3 години, плажата во Тајланд, што ја прослави Леонардо ди Каприо, повторно е отворена за посетители

Со карпи високи 100 метри над кристално чистата тиркизна океанска вода и бели песочни плажи, заливот Маја, кој е еден час возење со брод од Пукет е една од најголемите туристички атракции на Тајланд.

Заливот Маја во Тајланд стана познат откако беше прикажан во филмот „Плажата“ на Леонардо ди Каприо.

Откако две децении беа секојдневно поплавувани од илјадници туристи, тиркизните води и коралните екосистеми на заливот Маја станаа загадени, па властите ја затворија плажата во јуни 2018 година за да ѝ овозможат природно да се регенерира.