По 51 година брак тој сфатил дека е единствената личност која може да ѝ го спаси животот откако ѝ откажале бубрезите

Додека многумина од нас бараат сродна душа се чини дека Мајк и Пеги Нипер се совршени еден за друг на повеќе начини. Кога бубрезите на Пеги почнаа да пропаѓаат поради полицистично заболување на бубрезите (PKD) – генетска состојба што може да предизвика цисти да се развиваат во бубрезите, понекогаш доведувајќи до откажување на бубрезите кога органот станува премногу зголемен – нејзиниот сопруг Мајк побрзал да ја провери сопствената крв и типот на ткивата за да види дали може да биде донатор.

На Пеги не ѝ била непозната болеста, бидејќи така ја изгубила својата мајка, а и нејзиниот брат ја има истата. Како што се влошила ситуацијата на Пеги, нејзините бубрези функционирале на само 14% и останале само две опции, да оди на дијализа или да се направи трансплантација.

Сепак да се дојде до трансплантација не е лесно, бидејќи понекогаш се чека и по 7 години, а кога некој има над 70 години некои болници и одбиваат да пресадат бубрег.

„Ние воопшто не помисливме дека постои можност тој да биде директен донатор. Ако носите бебиња од сопругот, крвта ви е измешана и многу често развивате антигени против таа крв, затоа што имате деца. Затоа, не знаевме дека тоа е можност.“, вели Пеги.

Но откако и поради малите можности Мајк се покажал како соодветен донатор, тој воопшто не ни размислил туку веднаш се согласил да го даде својот бубрег. Тој вели: „Ние сме различни луѓе, јас сум од Марс а таа е од Венера, но нашите разлики секогаш ќе се надополнуваат.“

Двојката, која е заедно од средно училиште, минатиот месец била подложена на процес на трансплантација во Центарот за трансплантација на бубрези во Медицинскиот центар „Сент Дејвид“ во Тексас. Парот сега се опоравува од постапката, а се вели дека Пеги добро се прилагодува на нејзиниот нов бубрег.