По 856 убоди од змии, крвта на овој човек може да донесе универзален противотров

Тим Фриде, самоук експерт за змии, доброволно си инјектирал отров од змии 856 пати во изминативе 18 години. Денес, неговото екстремно хоби можеби ќе доведе до најшироко ефективниот противотров досега создаден.

 

По 856 убоди од змии, крвта на овој човек може да донесе универзален противотров

 

Терапијата со отров му го спасила животот

Фриде, кој од младост чува змии, започнал намерно да се труе со нивниот отров – прво го разредувал и си го инјектирал, а потоа дозволувал и да го каснат. Еднаш преживеал два каснувања од кобра во рок од еден час, по што речиси починал. „Буквално престанав да дишам. Имав имунитет за едно каснување, не за две,“ изјави тој.
Наместо да се откаже, сфатил дека токму неговата „терапија со отров“ му го спасила животот. Во следните години, имунолошкиот систем му бил изложен на отрови од најсмртоносните змии на светот – црна мамба, тајпан, египетска кобра и други. Сето тоа го снимал и објавувал на YouTube.

 

Терапијата со отров му го спасила животот

Имунолог создал противотров од неговата крв

 

Оваа бизарна мисија го привлече вниманието на имунологот Џејкоб Гленвил, извршен директор на биотех-компанијата „Centivax“. Тој заедно со научен тим искористил антитела од крвта на Фриде за да развие експериментален противотров кој во лабораториски услови заштитил глувци од отрови на 19 различни змии – сите класифицирани од СЗО како најопасни на светот.
За разлика од класичните противотрови (кои најчесто се добиваат од коњи или овци и се специфични за една змија), антителата од

Фриде се човечки и покажуваат поширок спектар на заштита со помал ризик од несакани реакции.
Тимот изолирал две видови антитела од неговата крв. Едниот вид – LNX-D09 – штитело од шест видови отрови, а во комбинација со лекот varespladib, го покривало отровот од уште три змии. Второиот вид – SNX-B03 – дал барем делумна заштита од сите 19 тестирани видови.

„Со комбинација од три компоненти, добивме целосна заштита од 13 видови и делумна за останатите,“ рече Гленвил. Целта им е универзален противотров – една инјекција која ќе спасува животи без оглед на видот на змијата.

Имунолог создал противотров од неговата крв

Што е следно?

Првичните тестови се фокусираат на фамилијата елапиди (во која спаѓаат кобрите и мамбите), а во иднина ќе развиваат и противотров за другата голема фамилија – випериди (како глувчарките и јареците змии). Пред да биде достапен за луѓе, следат клинички испитувања, а тимот веќе планира тестирање врз кучиња со убоди во ветеринарни клиники во Австралија.

Што е следно?

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • tlover tonet напиша:

    WONDERFUL Post.thanks for share..more wait .. …

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *