По детална магнетна резонанција научниците ја открија вистината за мумијата „бебе“ стара 3000 години

3.000-годишната мумија нилик дете била испратена со уште две други во болницата Рамбам во Хаифа, Израел, од страна на Националниот поморски музеј во градот. Двата саркофази одамна биле дел од колекцијата на музејот, но персоналот се сомневал во официјалниот запис што сугерирал дека содржат мумифицирани срца. Марсија Џавит, директорка на болницата, првин мислела дека најголемата мумиија содржи човечки остатоци.

Но, она што го открија беше мумија направена од растителни материи, очигледно требаше да го претставува Озирис, античкиот египетски господар на подземјето и бог на мртвите. Овој вид на мумии се познати како „житни мумии“, бидејќи најчесто се направени од жито и кал. Откриено е дека другиот саркофаг содржи мумифицирана птица, најверојатно сокол – суштество тесно поврзано со Хорус, богот на царството и небото.

„Можевме да ги идентификуваме формата, коските, на нешто што изгледа како птица. Не се надевавме на ова.“ Околностите во кои првично биле откриени мумиите пред да го пронајдат патот до музејот, остануваат нејасни. Истражувачите велат дека е можно тие да бидат погребани во гробница, можеби дури и во гроб на фараонот, како жртва на боговите во име на починатиот.

Мумиите датираат од пред 2.500 до 3.000 години, соопштија од тимот. „Античките Египќани мумифицираа бројни животни – птици, мачки, крокодили, риби и многу други“, вели Марсија.