По повеќе од 1 век решена е мистеријата за непознатото загинато бебе на Титаник

Тело на мало бебе било пронајдено само неколку дена откако славниот брод удрил во сантата мраз во Атлантскиот океан во 1912 година. Оние што го откриле телото на малото дете биле толку трогнати што организирале погреб за младото момче и го погребале на гробиштата Фервју, Халифакс, Нова Шкотска. Пред да го открие неговиот идентитет, надгробниот споменик гласел: „Издигнат во спомен на непознато дете чии остатоци беа пронајдени по катастрофата на Титаник на 15 април 1912 година“.

Имало повеќе обиди да се открие идентитетот на момчето, а оној во кој верувале повеќето од луѓето бил погрешен. Неговото тело за прв пат било ексхумирано од научниците во 2002, кои погрешно го идентификувале како 13-месечно бебе Еино Виjами Панула.

Пресвртот за идентитетот на детето се случи откако едно канадско семејство се појави да донира пар кафеави чевли во Полицискиот музеј на Халифакс во 2002 година. Семејството тврди дека чевлите ги зел нивниот дедо, водникот Кларенс Нортовер од полицијата во Халифакс, кој бил задолжен за чување на извлечените тела од Титаник.

Ова ги вратило научниците на почеток, затоа што чевлите биле преголеми за 13-месечно бебе. Покрај ова, откриено е дека чевлите се изработени во Англија, што ги поттикна истражувачите да веруваат дека станува збор за британско бебе, додека Еино Виjами Панула е бебе од Финска.

Научниците сепак открија дека станува збор за 19-месечниот Сидни Лесли Гудвин, од Англија.  Сидни е роден на 9 септември 1910 година во Мелксам, Вилтшир, Англија. Тој бил најмалото дете родено од Фредерик Џозеф и Аугуста (родената Тајлер) Гудвин. Сидни имал пет постари браќа и сестри – Лилијан, Чарлс, Вилијам, Џеси и Харолд. Семејството всушност требало да патува до Америка со друг брод, но поради штрајк за јаглен пловењето со тој брод било одложено и семејството било префрлено на Титаник. Од семејството само телото на Сидни е пронајдено.

Повеќе за тоа на кој начин е откриен неговиот точен идентитет ќе може да се види во документарниот серијал „The Curious Life and Death of…“.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.