X

По повод Светскиот ден на животните: dm донираше речиси 1,5 тони храна за кучиња и мачки

За некого е само еден оброк, а за куче или мачка што зависи од туѓата грижа, полниот сад со храна е една од најважните работи во денот. Токму со мислата за животните кои секојдневно имаат потреба од храна, безбедност и внимание, dm drogerie markt и оваа година го одбележа Светскиот ден на животните со конкретна донација – речиси 1,5 тони храна за кучиња и мачки, во вкупна вредност од 308.000 денари.

Донацијата беше распределена меѓу четири здруженија – „Кане Корзо“, „Happy Shelter“, „Шепасти ентузијасти“ и „Спаси живот“. На овој начин, храната стигнува до животните за кои овие здруженија се грижат, одговарајќи на една од нивните најосновни и постојани потреби – редовната исхрана.

Светскиот ден на животните, кој се одбележува на 4 октомври, за dm веќе традиционално е повод вниманието да го насочи кон животните на кои им е потребна помош и кон организациите и луѓето кои се посветени на нив. Оваа заложба компанијата ја преточува во конкретни активности веќе неколку години, преку донации на храна и средства, но и преку активности со кои се поттикнува вдомувањето на напуштените животни.

Континуитетот започна уште во 2022 година, кога по повод Светскиот ден на кучето dm донираше 400 килограми храна за кучиња на „Happy Shelter“ и ЈП „Лајка“. Веќе следната година,  компанијата донираше 750 килограми храна и средства за чистење за „Happy Shelter“, ЈП „Лајка“ и „Кане Корзо Надеж“.

Традиционалната активност продолжи и во 2024 година, со донација од 678 килограми храна за „Шепасти ентузијасти“, ЈП „Лајка“ и „Кане Корзо Надеж“. Покрај обезбедувањето храна, фокусот беше ставен и на потребата од вдомување на напуштените животни и создавање подобри услови за кучињата кои го чекаат својот дом.

 

Во 2025 година, Светскиот ден на животните беше одбележан со поинаква форма на помош – dm донираше живеалишта за миленици во вредност од над 600.000 денари на четири локални прифатилишта за кучиња. Во Градскиот парк во Скопје беше организиран и настан кој ги собра сопствениците на миленици, љубителите на животни и посетителите на паркот, а посебен дел беше посветен на вдомувањето. Преку фотографии, имиња и интересни факти беа претставени кучиња згрижени од „Шепасти ентузијасти“, „Кане Корзо“, „Happy Shelter“ и „Спаси живот“, со надеж дека некои од нив ќе го пронајдат својот дом.

Оваа година традицијата продолжува со речиси 1,5 тони храна за кучиња и мачки. Наместо само симболично одбележување на 4 октомври, активноста повторно е насочена кон конкретните потреби на животните и здруженијата кои се грижат за нив во текот на целата година.

 

– Светскиот ден на животните за нас веќе традиционално е повод да направиме нешто конкретно за животните на кои им е потребна човечка помош. Низ годините дониравме храна, средства и живеалишта, а оваа година обезбедивме речиси 1,5 тони храна за кучиња и мачки. Зад оваа бројка стојат многу обезбедени оброци, а токму тоа е суштината на оваа активност – помошта да стигне таму каде што е потребна. Благодарни сме и на здруженијата кои со својата посветеност прават многу за животните и најдобро ги познаваат нивните секојдневни потреби – вели Кристина Дуранска, маркетинг менаџер во dm.

 

Светскиот ден на животните е можност уште еднаш да се потсетиме дека одговорниот однос кон животните не се сведува на еден ден во годината. За здруженијата кои се грижат за нив, полнењето на садовите со храна, обезбедувањето соодветни услови и потрагата по дом се дел од секојдневието.

 

 

Токму затоа, традиционалното одбележување на 4 октомври за dm има едноставна цел – поводот да се претвори во конкретно дело. Со годинашните речиси 1,5 тони донирана храна, таа традиција продолжува, а вниманието повторно останува таму каде што е најважно – кај кучињата и мачките на кои им е потребна помош и кај луѓето кои се грижат за нив.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *