По пријателска цена: „Достапни“ комерцијални вселенски летови во голем балон

Американската компанија World View, во соработка со дизајнерите од PriestmanGoode, планира патување во вселената – во голем балон. Поточно, станува збор за модерна хексагонална капсула која ќе биде подигната од стратосферски балон со нула притисок.

Капсулата ќе мора да биде подигната на 30.000 метри над земјата за да ги однесе сите заинтересирани патници до работ на земјината атмосфера и да им овозможи неверојатен поглед на нашата планета. Климатизираните капсули треба да имаат десет седишта за осум патници и двајца членови на екипажот.

Внатрешноста на капсулата е дизајнирана максимално да го искористи достапниот простор и да ги смири сетилата. Секој патник ќе има удобно седиште, пристап до тоалетот и ќе биде послужен со врвен оброк со пијалок по сопствен избор.

World View веќе добива резервации и плаќања за депозити за комерцијални вселенски летови кои ќе започнат со тестирање следната година и официјално ќе започнат во 2024 година. Ќе полетува од светски познатите дестинации како што се египетските пирамиди во Гиза, Кинескиот ѕид или Големиот корален гребен во Австралија.

Летовите ќе траат од шест до 12 часа, а билетите ќе чинат околу 50.000 американски долари. Ова е значителен попуст во цената за вселенски патувања во споредба со другите конкуренти на пазарот.

На пример, билет за вселенското летало Virgin Galactica чини девет пати повеќе – 450.000 долари, додека патувањето со ракетата Blue Origin на Безос ќе ве чини околу 28 милиони долари.