Почетничка среќа: Брат и сестра нашле опал вреден 800.000 евра при нивниот прв обид за рударство

На нивниот прв обид за рударство во австралискиот Аутбак, братот и сестрата Исак и Софија Андреу погодиле џек пот, но во вид на скапоцен камен.

Опалот е толку скапоцен што ова парче врди повеќе од 800.000 евра.

Еден од најсјајните камења што го нашле е со музејски квалитет и големината на машката тупаница. Тој е во форма на џиновско јајце, точно на време за Велигден.

Софија вели: „Буквално ја има секоја боја на виножито што можете да ја замислите“.

На нивно чудење, на последниот ден од потрагата, се појавило виножито, и тоа сред пустина.

Опишувајќи ги емоциите што ги почувствувале при наоѓањето на такви богатства, Софија вели: „Тоа беше мешавина од шок и просто чисто изненадување“.

Исак додава: „Зборовите не можат да го опишат начинот на чукање на срцето, влакната на вратот исправени“.

90 проценти од опалот во светот е пронајден во австралискиот крај, и е вреден до 500 пати повеќе од златото, опалот е навистина ценет скапоцен камен.

Нивното неверојатно откритие го промени животот на братот и сестрата. Тие дури можат да си дозволат да си купат и сопствен рудник. Исак додава: „ова ќе го направи животот многу пеколен полесен и попријатен“.

Тој е продавач на опал со седиште во Бајрон Беј, самохран татко на петгодишната ќерка Халијана.

Софија, која има продавница за опали на островите Витсунди и предава јога.

И двајцата решија да го отстварат својот сон да ги извалкаат рацете при рударството за опал. Ним им се придружија партнерот на Софија, Крис Даф и нивниот пријател Дејвид Дарби, кој со децении минувал во потрага по опали, но кој никогаш не наишол на ништо чудесно како ова. Тие се здружија со локалниот рудар Род Грифин.

Повеќето рудари за опал се возбудени од можноста еден ден да најдат нешто вакво и да станат милионер преку ноќ.
Треска за опал, денес е на највисоко ниво во историјата, но ризиците се реални, а бруталниот австралиски терен е непростлив како и секогаш – со силна летна топлина, тропски бури и некои од најсмртоносните змии.

Софија вели: „Австралија е толку неплодна и тешка земја што сите животни што успеаја да преживеат до сега мораа да еволуираат за да бидат опасни за да се заштитат“.