Почина актерот Кирил Поп-Христов на 58-годишна возраст

Македонскиот актер Кирил Поп-Христов почина вчера во Еквадор на 58-годишна возраст.

Поп-Христов е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1989 година.

Од 1993 до 2014 година беше член на ансамблот на Македонски народен театар, кога се пресели на Еквадор. А потоа повторно се вработи во МНТ во 2018 иако беше со постојано живеалиште на Еквадор.

Во текот на својата кариера оствари бројни филмски улоги. Меѓу позначајните се неговите настапи во филмовите Пикасо (1987), Тетовирање (1991), Македонска сага (1993), Преку езерото (1997), Збогум на 20-тиот век (1998), Бал-кан-кан (2005), Самитот на шаманите (2006), Десет (2007), Панкот не е мртов (2011) и Скопје ремикс. Неговиот последен филмски проект беше Хеј од 2018 година.

Покрај филмот, Поп-Христов остави значаен белег и на телевизија. Настапуваше во сериите Трст виа Скопје, Македонски народни приказни, Бумбари, Во светот на бајките, Досие Скопје, Наше маало и Тајната на нечистата крв.

 

На театарската сцена одигра низа улоги во претставите „Баал“, „Ослободување на Скопје“, „Ревизор“, „Гнев божји“, „Народен пратеник“, „Крик“, „Едвард“, „Бунд во домот за старци“, „Зора на истокот“, „Павиљони“, „Сомар“, „Мара/Сад“, „Троил и Кресида“. Неговата последна улога на сцената на МНТ беше во претставата „Свадбата на Фигаро“.

Во 2014 година, Поп-Христов со семејството се пресели во Еквадор, каде живееше до неговата прерана смрт.

Македонската публика особено ќе го памети по улогата на Исус во филмот Тетовирање и по ликот на учителот Дамјан во Македонска сага, како и по главната улога во серијата Трст виа Скопје.

 

 

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

  • 🖕 напиша:

    Neka pociva vo mir

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *