Почина Бора Чорба: Легандарниот пејач ја загуби битката со пневмонијата

На 72-годишна возраст, по кратко боледување, во Љубљана почина Борислав Бора Ѓорѓевиќ, познат како Бора Чорба, рок-музичар, пејач, поет, основач на групата „Рибља чорба“, eден од најголемите бендови во поранешна Југославија, и потоа во регионот.

„Почитувани пријатели, со тага ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ не напушти. Почивај во мир драг наш Боки“, стои во објавата на Рибља чорба на Фејсбук.

 

Неодамна беше примен во болница во Љубљана со тешка пневмонија. Се лекувал со антибиотици и кислород, а по неколку дена поради влошената состојба бил ставен на респиратор.

Инаку, тој долго време се бореше со тешка болест. Музичарот пред Нова година имал пневмонија, поради што го откажал концертот во Ниш.

„Докторот експресно ми забрани да вложам секакви напори бидејќи боледувам од тешко воспаление на белите дробови, па настапот би ми ја влошил здравствената состојба. Ќе ја победиме болеста и ќе се видиме во првата прилика“, им порача тогаш Бора на организаторите.

За жал, сега не успеа да ја добие битката.

Првиот албум на Рибља чорба „Коска во грлото“ беше издаден во 1979 година, по што оваа група веднаш стана една од најважните на југословенската рок-сцена.

Беше контроверзна личност, но поет со огромен талент, рокер кој низ неколку стихови знаеше да точно во суштината да критикува негативности во општеството.

Неговите песни како „Kukla sa naslovne strane“, „Pogledaj dom svoj anđele“ и „Dva dinara, druze“ станаа химни на генерации.

Почивај во мир Боро.