Почина и возачот на Брзата помош, Иле Гочевски, кој вчера цел ден ги превезуваше повредените
Иле Гочевски, е возачот на Брзата помош кој почина во текот на ноќта откако во текот на вчерашниот ден ги превезувал повредените во катастрофалниот пожар во Кочани.
Гочевски во неделата, како и секој ден, ја извршувал својата должност, превезувајќи пациенти и повредени лица, давајќи се од себе да им помогне на оние на кои тоа им беше најпотребно.
По напорниот и долг ден се вратил дома да се одмори, но за жал не се разбудил.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно