Почина Оливера Николова, писателката на најпознатата македонска детска книга „Зоки Поки“

Истакнатата македонска писателка, Оливера Николова, почина денес на 88 годишна возраст. Родена во Скопје во 1936 година, таа дипломирала на Филозофскиот факултет при УКИМ и целосната кариера ја поминала во Македонската радио-телевизија, работејќи како уредник и драматург. Станува член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година и остава значаен белег во македонската книжевност, особено со детската литература.

 

 

 

Најпозната е по книгата и ликот „Зоки Поки,“ првиот градски детски лик во македонската литература, кој доби и телевизиска адаптација. Николова е автор на бројни телевизиски и радио проекти, вклучувајќи ги сериите „Среќен пат, Зоки!“ и „Девојките на Марко“. Нејзината работа беше високо ценета од критичарите за иновативноста и освежувањето на мотивите во литературата за деца.

 

 

Николова освои бројни награди, меѓу кои наградата на РТВ Скопје за делото „Земја во која никогаш не се стигнува“ и „Змаевата награда“ за посебни достигнувања во детската литература. Во 2012 година, романот „Куќичка“ беше номиниран за „Балканика“, а во 2013 година беше објавен избор од нејзиното дело по повод 50-годишнината од творештвото.

Николова, добитник на „Орден за заслуги за Македонија“, останува запаметена како еден од најзначајните македонски автори.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *