Починал два пати кога имал 8 години, за сега 27 години подоцна да ѝ раскаже на својата мајка сѐ што видел „на небото“

Осумгодишното момче кое двапати загинало во сообраќајна несреќа, порасна и нѝ откри што видел кога „отишол во рајот“.

Лендон се враќал од црквата дома со мајка му Џули и татко му Енди Кемп кога во 1997 година доживеале хорор сообраќајна несреќа. Таткото починал веднаш на местото на настанот, а исто така и момчето, два пати.

 

 

Лендон починал двапати тој ден откако бил реанимиран и пренесен во медицинскиот центар Каролинас во Северна Каролина, САД.

„Не видов дека брзата помош доаѓа. Но, се сеќавам како викаше. Тоа беше последното нешто што го слушнав од него”, изјави мајката Џули.

„Не можеа да го видат неговото тело поради оштетувањето што беше направено на возачката страна на автомобилот. Лендон седеше зад неговиот татко. И кога го видоа чевелот на Лендон, беше потребно подлабоко пребарување за неговото тело. Кога го извлекоа Лендон од задниот дел на автомобилот, тој не дишеше. И сите почнаа да работат на него веднаш за да го вратат назад. Ми рекоа дека ако преживее, ќе биде како осумгодишно бебе, дека нема да знае да оди, да зборува или да јаде. Толку бев очајна, што секако дека го прифатив сето тоа“.

 

 

Лендон за чудо преживеал голема операција, без трага од оштетување на мозокот. И како што минувале годините, тој ѝ кажал на својата мајка што видел „на небото“.

Освен што го видел својот татко, Лендон вели дека ги видел „двете други деца“ на Џули од спонтани абортуси. Џули вели дека на нејзиниот син никогаш не му кажале за спонтаните абортуси.

„Тоа беше речиси како трејлер на филм каде што можете да видите само одредени делови од нештата. Исус дојде кај мене и ми рече дека морам да се вратам на Земјата и да бидам добар христијанин и да им кажам на другите за него“.

Тој сега ја користи својата приказна за да им помогне на другите кои се борат со загуба и имаат потреба од надеж.

„Во 1997 година не разбрав зошто Бог нѝ испрати ангел“, додаде Џули.

„Но, знам дека таму имаше ангели. И знам дека бевме заштитени. И живееме каков и да е неговиот план за нас“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *