Починат дедо успеал да ги насмее сите роднини и пријатели на неговиот сопствен погреб: „Извадете ме оттука, многу е темно!“

Обично, погребите се сметаат за сериозни настани. Дури и кога некој бара неговото збогување да биде прослава на неговиот живот, луѓето и понатаму плачат и изразуваат тага поради загубата. Нема ништо лошо во тоа – тешко е да се каже збогум на некој кој ни бил важен.

Но, понекогаш, некој успева да го пробие тешкиот момент на сопственото заминување и да ги насмее своите блиски. Тоа бара малку размислување и уникатна личност, но кога тоа ќе се случи, е навистина убаво. Еден таков случај бил вешто изведен од Шеј Брадли, дедо од Даблин, кој, како шегаџија, буквално предизвикал смеа кога преку снимка ја оставил последната порака за време на неговиот погреб.

Видеото на Бредли започнало со: „Здраво? Здраво? Овде е премногу темно! Извадете ме од тука. Дали тоа е свештеникот што го слушам?”

Неговата жена, Ана Брадли, изјави дека снимката била направена повеќе од една година пред неговата смрт, но таа не знаела за тоа до денот пред погребот. Само најблиските членови на семејството знаеле што ќе се случи, така што повеќето биле изненадени.

„Шеј беше шегаџија, секогаш размислуваше „надвор од кутијата“ и сакаше да ги насмее своите најблиски”, рече Ана. „Беше голема личност и многу ќе ни недостасува”.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *