Почна тестирањето на првите електрични летечки автомобили – производството започнува наскоро, а цената е „боли глава“!
Замислете да заглавите во сообраќај и едноставно – да полетате! Alef Aeronautics направи огромен чекор кон масовно производство на електрични летачки автомобили, потпишувајќи стратешко партнерство со PUCARA Aero и MYC за производство на авијациски делови од највисок квалитет.
Model A, нивниот револуционерен летачки автомобил, ветува:
320 километри на пат |
117 километри во воздух
Безбедносни компоненти одобрени од FAA и EASA
Производство започнува кон крајот на 2025
Цена: $300,000
Но, тоа не е сè!
Компанијата веќе работи на Model Z, многу подостапна верзија што се очекува во 2035, со цена од само $35,000.
Со новите партнерства за производство, Alef прави сериозен чекор кон иднината на урбаната мобилност. Дали наскоро ќе можеме да избегнеме сообраќаен метеж – едноставно полетувајќи?
Коментирај анонимно