Почнаа да си делат и совети…Поранешна ѕвезда на филмови за возрасни од ’90-тите која спиела со 300 мажи за еден ден ѝ дава совет на „ѕвездата“ Лили Филипс која спиеше со 100

Поранешната ѕвезда на филмови за возрасни која некогаш го собори светскиот рекорд за најмногу сексуални акти во еден ден има остар совет за сензацијата на OnlyFans, Лили Филипс.

Јасмин Сент Клер, 54 години, стекна популарност во 1996 година откако глумеше во филмот „The World’s Biggest Gang Bang II“ – X-рангирано „остварување“ во кое учествуваше со 300 мажи во 24 часа.

Бомбастичната Јасмин, во голема мера, го подготви патот за денешните најскандалозни ѕвезди на OnlyFans, кои ги поместуваат границите во потрага по милиони и слава.

Лили Филипс неодамна го „разби интернетот“ откако легна со 100 мажи во една вечер, а потоа објави планови да ја зголеми бројката на 1.000 мажи во 24 часа.

Имајќи слично искуство пред децении, Јасмин не беше воздржана кога ја прашаа за мислење за потфатите на Лили.

„Таа не прави ништо ново“, искоментира Јасмин и додаде: „И по 20 години од сега, гарантирам дека никој нема да ја памети“.

Јасмин, која по напуштањето на порнографијата најде слава во професионалното борење, исто така ја предупреди Лили да внимава на сексуално преносливи болести.

„Гостувале многу девојки од OnlyFans на мојот подкаст… и заедничка приказна се разни епидемии на сексуално преносливи болести во индустријата. Слушам за работи за кои претходно никогаш не сум слушнала. Сериозно, овие се навистина чудни работи““, сподели таа.

Јасмин исто така ја критикуваше Лили за плачењето по оргијата со 100 мажи, велејќи дека тоа се „крокодилски солзи“.

„Потоа одиш и почнуваш да плачеш за твоето ментално здравје, носејќи го како некаква перверзна значка на чест, бидејќи сите знаеме дека луѓето го користат менталното здравје и проблемите како тренд. Ако ќе правиш нешто, прифати го и заврши го. Ако ти е толку тешко, побарај помош. Постојат терапевти што ќе работат бесплатно“, изјави таа.

 

Јасмин се осврна и на контроверзната ѕвезда на OnlyFans, Бони Блу, која стана вирална откако патуваше низ различни земји за време на пролетниот распуст, спиејќи со млади момчиња и мажи, и снимајќи го тоа за нејзината OnlyFans содржина.

„Вирално? Пази се од вируси. Проверувајте се,“ рече Јасмин. „По 10 години, никој нема да ве памети. Тоа е сè. А ако сакате да ве паметат, мора да најдете други начини за реобновување, а не да патувате низ држави и земји правејќи глупости,“ продолжи таа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *