Под дождот од гранати во засолништето во Киев заплака новороденче: „Животот продолжува“

Бебе е родено во ноќта од петокот кон саботата, во засолништето на подземната метро станица во Киев под гранати.

Според објавата на репортерот Оливер Керол на социјалните мрежи за последните случувања во нападнатата престолнина на Украина, еден офицер загинал, тројца се повредени, се водат сериозни борби. Но, како што наведува, има и добра вест: во засолништето на киевското метро се роди бебе. “Животот продолжува…”

Понекогаш е тешко во вакви ситуации да се види добрата страна на приказната, но факт е дека секогаш ќе има убави моменти кои ќе ги осветлат темните, треба да веруваме.