Подводни истражувања во Охридското езеро откриваат тајни стари со векови

Археолошките ископувањата што започнаа на 12 август на локалитетот кај Врбник, кој се наоѓа на западното крајбрежје на Охридското езеро, на излезот од Струга, резултираше со откритие на преку 500 колци и документираше простор од околу 500 метри квадратни, а се вели дека е можно и пронаоѓање на куќи.

Експретите кои се дел од ова истражување велат дека истражувањата се насочени кон земање примероци од колците во претходно истражени и документирани делови од населбата.

Покрај подводните истражувања се вршат и припреми за дендрохронолошки и карбон анализи, во просториите на Природно научен музеј Никола Незлобински – Струга.

Првите сознанија за локалитетот се добиени во 80-тите години на минатиот век, а подводни археолошки ископувања се водат во континуетет од 1998 год.

Досега, во слој кал со дебелина од околу 20cm што се простира по целата истажувана површина, се откриени богати археолошки материјали како: керамички фрагменти, цели садови, керамички макари, биконусни пршлени, кружни тегови, разновидни бронзени предмети: белегзии со преклопени краеви, салталеони, двојни игли, железни сечила, јадици и други.

Иако во најголем дел од керамиката е фрагментирана, се работи за форми кои се употребувале подолг временски период, а период на егзистенција на оваа населба согласно археолошките наоди е 7 и 6 век пр.н.е.

Носител на проектот е НУ Археолошки музеј на Македонија, во соработка со Природно научен музеј Никола Незлобински – Струга и Универзитетот во Берн, Институтот за археолошки науки, Р. Швајцарија каде ќе се прават дендрохронолошките анализи.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.