Пофалба до Џони Синс: „Слушајте момци – жените не сакаат 20 орг*зми, туку само 1“, пишува Јана Хокинг, споделувајќи пет совети во спалната соба кои порно ѕвездата Џони Синс заборавил да ги спомене
Пофалба за порно ѕвездата Џони Синс.
„Никогаш не мислев дека ќе ги изговорам овие зборови, но овој светец од маж, сам го спасува оргазмот за женскиот род“.
„Тој неодамна даде храбра изјава дека може да им даде на жените до 20 оргазми, што сите не насмеа. Мојата прва помисла беше „Не другар, единственото нешто што можеш да го направиш е да ги купиш лажните стенкања што ги прават жените, ти да си завршиш, да легнеш и да заспиеш.

Предупредување за спојлер: Жените го прават тоа постојано. Ако имаше Оскар за лажни оргазми, прилично сум сигурна дека би била во игра“.
„Но, додека продолжив да го читам остатокот од интервјуто… нема да лажам, типот ме освои.
Секако, сè уште не верувам дека може да ја натера жената да оргазмира неверојатни 20 пати во една сесија, но секако верувам дека може да ја натера да достигне кулминација барем еднаш“.
„Зошто? Затоа што става акцент на задоволството на жената. Кога тој изјави: „Отсекогаш сум сакал да ја задоволам девојката со која сум и да ја доведам до оргазам 10, 20 пати пред воопшто јас да завршам, бидејќи до моментот кога ќе доживеам оргазам тоа во најголем дел е готово, а за мене тоа е сексот, нешто во што навистина уживам, па сакам да го продолжам тоа што е можно подолго. Мој совет е да му посветите повеќе внимание на партнерот и да го оттргнете колку што можете повеќе пати“.
„Си помислив: „Може ли овој човек да им понуди работилници на мажите ширум светот? Можеби им треба лекција или две“.

„Сега тоа е веројатно малку неправедно. Последната личност со која бев се гордееше со предиграта. Тој веројатно го има најдобриот јазик на светот… и да речеме дека знаел да го користи. Всушност, кога рече дека искрено сака да ме гледа како стенкам, јас му поверував“.
„Исто така сум имала и ситуации, они најчестите, сексот ќе трае 3 минути, ќе ме праша дали сум завршила и толку…“
„Џони го нарекува овој тип на маж „себичен“ и јас морам да се сложам со него. Ако се трудев да го депилирам секој дел од моето тело, да ја стилизирам косата, да купам нова облека и да те слушам како ми кажуваш сè за твоето последно риболовно патување во Кејп Јорк, најмалку што можеш да направиш е да ме задоволиш пред да го испуштиш тоа смешно мало стенкање што момците го правите веднаш на крајот“.

Еве неколку совети за спалната соба:
1. Предиграта е ваш пријател – да, можеби ќе можете да ги спуштите панталоните и веднаш да се фатите за работа, но на нас жените ни треба малку време за загревање. Зезајте нè малку, тоа прави чуда.
2. Користете ги зборовите – за жената има многу моќ во менталната стимулација. Всушност, тоа е исто толку важно како и физичката стимулација. Ова може да започне дури и пред „мечот“. Испратете ни секси порака пред состанокот, па веќе размислуваме за див момент. Зборувајте валкано.
3. Атмосферата е сè! Нема да се чувствуваме секси во спална соба која мириса на стари чорапи и облека што предолго останала во машината за перење. Запалете свеќа, пуштете секси музика и наместете го вашиот кревет ако знаете дека доаѓаме.
4. Сериозно, ќе бидете изненадени од тоа колку мажи мислат дека клиторисот е на сосема поинакво место од она каде што всушност е. Едуцирајте се момци.
5. И конечно… ако се чувствувате дека сте многу блиску да завршите за 3 минути – направете го она што го правеше еден мој поранешен, застанете и помислете на нешто многу несексуално и потоа почнете повторно. Секси времето треба да биде маратон, а не брз круг.
Научно е докажано е дека жените започнуваат врска на приврзаност откако ќе достигнат кулминација. Мозокот ослободува окситоцин (познат како хормон на љубовта), неврохемикалија која го создава тоа чувство откако ќе го направите делото.
Не е ни чудо што ние жените избираме невестински фустани и имиња за нашите сè уште неродени деца по еден состанок. Можете ли да не обвините?!

Коментирај анонимно