Погледнете го првиот авион целосно направен од кaнaбис?!

Што ако ви кажеме дека канабисот навистина може да ве натера да летате високо? Мислиме на легитимно летање, не само на чуство како да лебдите.

Една канадска компанија го стори тоа, создавајќи авион кој е целосно направен од канабис.

Компанијата за канабис Хемпеарт создаде лет со гориво од коноп, кој е направен од композитни влакна од коноп и се вели дека е 10 пати посилен од челикот.

Авионот има распон на крилото од 11 метри и може да собере еден пилот и четворица патници, благодарение на неговата мала тежина.

Но не застанува тука, всушност, далеку од тоа, бидејќи сите внатрешни sидови, седишта и перници се исто така направени од коноп.

Извршниот директор на Хемпеарт, Дерек Кесек верува дека композитен материјал од коноп што се користи за изградба на авионот „може да ги замени сите стаклени влакна во авијацијата и многу други индустрии“.

Сепак, она што е веројатно најдоброто нешто во врска со леталото, е фактот дека тој работи целосно на масло од коноп, што значи дека е целосно еколошки. Конопот е целосно еколошки материјал, благодарение на фактот што не бара многу вода за одгледување и е хранлив за почвата во која расте.

Покрај тоа што е една од најздравите и најразноврсни растенија на светот, конопот е 10 пати посилен од челикот“, објаснуваат од Хемпеарт на својата веб-страница.

Ова значи дека може да издржи многу поголема тежина пред и да се скрши, и може да се витка многу повеќе од металот. Одлично за авијацијата.

Во споредба со материјалите од кои обично би очекувале да бидат изработени авиони, како што е челик, конопот нема никакво влијание врз животната средина.