Погледнете ја таа насмевка на лицето на детето кое благодарение на учителот, заигра на училишната приредба заедно со своите другарчиња

Девојчето прв пат во животот осети како е да се биде главен на јавен настап, а учителот направил специјална опрема за да ѝ го овозможи тоа задоволство.

Наставниците заземаат многу важно место во животот на секој ученик. Тие придонесуваат во процесот на учење со љубов, почит и пренесување на најдобриот пример, токму таква приказна е и оваа. Еден учител направи неверојатен гест за 7-годишната Агостина Андреата, која сонува да стане танчерка. Таа успеа да си го оствари својот сон со учество на шоу со нејзините соученици во Катамарка, Аргентина, благодарение на учителот.

Девојчето не може да оди затоа што е родено со малформација што ја парализира долната половина од телото. Но, тоа не било пречка за неа да учествува во кореографија како и останатите соученици. Маријано Рејес, нејзиниот учител, одлучил да се фати за работа и да не се откажува од малата Агостина. Тој креирал специјален појас со помош на кој девојчето може да танцува.

„Идејата ја видов во видео на интернет. Немаше такво нешто во нашите продавници за ортопетски помагала, па отидов кај шивачка и почнавме се од нула.“, вели Маријано. Танцот бил организиран за сите ученици во второ одделение. Маријано вели дека не спиел три ноќи затоа што се плашел дали се ќе испадне во ред. Тој додал дека е многу емотивно да се танцува со својот ученик.

Бидејќи ги прашал родителите на Агостина за одобрување, тие му кажале дека се воодушевени од идејата. Девојчето учествувало во две кореографии, едниот танц додека ја користела својата инвалидска количка, а другиот со наставникот по физичко и појасот.