Погледнете што се крие во морничавите „кафезни“ домови во Хонг Конг

Густината на населението во Хонг Конг е огромна и затоа градот продолжува да расте нагоре. Поголемиот дел од населението живее во облакодери кои заслужено се нарекуваат кафезни домови.

Многумина од нас ги виделе овие огромни згради на фотографии, но многу малку луѓе знаат што се крие во нив.

Ова се кафезни домови во Хонг Конг

Просечната цена на еден квадратен метар тука е околу 28.570 долари. За споредба, во Москва е 3.250 долари. Затоа социјалната нееднаквост е многу изразена во Хонг Конг и една зграда-кафез може да содржи неколку видови станови за луѓе со различно ниво на приход.

Постојат 4 тотално различни типови станови во кафезните згради:

1. Домови за сиромашни луѓе

Повеќе од 20% од населението во Хонг Конг, кое е скоро 1,5 милиони луѓе, живее под линијата на сиромаштија. Домовите се соби со околу 20 кафези внатре. Сиромашните буквално живеат во кафези каде ги чуваат своите скромни работи. Живеењето во овие ужасни услови сепак ги чини околу 180-200 американски долари месечно. Сите овие луѓе не се невработени, многу продаваат работи на пазари или мијат садови, но сепак, тие не можат сами да си дозволат подобри услови за живот.

2. Комунални станови за пониската класа

Постојат посебни комунални станови за оваа класа на луѓе. Тие имаат заедничка кујна и тоалет и 5 до 6 мали соби каде што може да се сместат само маса и кревет. Ако сте доволно среќни, можеби ќе најдете простор за плакарот, сепак, честопати луѓето треба да ги закачуваат своите работи на ѕидовите. Вакво сместување чини 500 долари месечно.

3. Мали станови за млади

Многу е тешко да започнете независен живот во Хонг Конг, бидејќи изнајмувањето стан чини многу пари. Стан со една спална соба во кафез во предградијата ќе ве чини скоро 1.650 долари секој месец. Во исто време, просечната плата за мажи е 2.500 и 1.900 американски долари за жени. Повеќето станови дури и немаат кујна, но во исто време, овие станови честопати се полни со разни паметни гаџети и уреди, тајни плакари и мебел што може да се трансформира.

4. Апартмани за средната класа

Оние кои се успешни во работата можат да си дозволат вакви станови, со кујна и тоалет. Сепак и овие станови се мали и во нив живеат по 4-5 луѓе во простор од 20 до 30 метри квадратни.