Покрај Дебарско езеро е откриено „богатство“ кое е подобро да не го најдете
Во месноста „Венец“ покрај Дебарското езеро на 19 септември 2021 година било пријавено дека биле пронајдени експлозивни направи.

Екипи и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување извршиле увид на местото и констатирале дека се работи за шест рачни бомби од Втора светска војна.
По пронајдокот преземени се безбедносни мерки и бомбите биле уништени.
Можеме слободно да кажеме дека ова е „скриено богатство“ што не би сакале да го најдеме.
