Полицаец бил повикан да уапси крадци од продавница, но тој го направил она што најмалку се очекувало од него

Мет Лима, службеник во Сомерсет, Масачусетс, бил повикан во продавницата за храна Stop & Shop откако сопствениците пријавиле дека кражба во продавницата е во тек. По пристигнувањето на местото на настанот, еден работник му кажал на Лима дека забележал две жени со две мали деца кои не гин скенирале сите намирници пред да ги стават во кеси на самопослужувачката каса во продавницата. На фискалната сметка исто така се гледало дека недостасуваат многу продукти кои жените сепак ги имале во кесите.

Откако поразговарал со жените полицаецот сфатил дека тие немаат пари за намирници со кои ќе им ја подготват божиќната вечера на нивните мали деца кои биле со нив. Лима одлучил да им го забрани влезот во продавницата, но не и да ги уапси или казни. Тој и на двете жени им купил гифт картичка на која имало по 250 долари така што со неа жените ќе можат да купат намирници за вечерата во друга продавница. Секако тоа го направил со свои пари.

„Двете деца со жените ме потсетија на моите деца, па морав да им помогнам“, изјавил тој. Тој продолжува: „Тие беа многу благодарни; беа некако шокирани. Сигурен сум дека многу луѓе во истата ситуација би помислиле дека ќе има поинаков исход и можеби ќе бидат уапсени или ќе мора да одат на суд. Не станува збор за мене, само се обидов да се ставам во местото на тоа семејство и да покажам малку емпатија.“

Началникот на полициските сили во Сомерсет, Џорџ Мекнил, рече дека инцидентот е „вистински доказ за одличниот карактер и донесување одлуки на Лима. „Неговите постапки покажуваат пример што значи да се заштитат и да им се служи на членовите на нашата заедница“, вели тој.

„Кога се соочи со тешка ситуација во која едно семејство се обидуваше да обезбеди оброк за своите деца, тој донесе дарежлива одлука да не поднесува обвиненија и наместо тоа, осигури дека ќе имаат божиќна вечера во која ќе можат да уживаат“, додаде Мекнил.