Полицаец стопирал жена на Бит Пазар, а потоа почнал да ја допира по телото
На 31 јули околу 22:30 часот полицискиот службеник К.С. вршел сообраќајна контрола и ја злоупотребил својата положба.
Тој запрел едно возило на булевар „Крсте Мисирков“. Жената зад воланот ја следела процедурата, без да претпостави што ќе се случи следно. Кога полицискиот службеник се приближил, наместо вообичаените прашања, тој неочекувано ја отворил вратата на нејзиното возило и започнал да ја допира по телото. Шокирана и исплашена, жената останала без зборови.
Следниот ден, инцидентот бил пријавен, а Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи веднаш започна истрага. Против К.С. е поднесена кривична пријава за „обљуба со злоупотреба на положбата,“ дело предвидено во член 189 од Кривичниот законик.
Истовремено, Одделот против полицискиот службеник К.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работно место се до завршување на дисциплинската постапка.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Mozebi e ova se tocno,a mozi i policaecot padna na provokacija za da ne i pise kazna-kako i da e ne trebase toa da go napravi,no i vo razni drugi slucki izjavata na osteteniot e osnova za nekoe krivicno delo,a kolku toa drzi mesto bez dokazi i poligraf!?!?
Коментирај анонимно