Полицаец во Армани костум (виц)

Се собираат неколку колеги полицајци после работа во кафана да пивнат по една. После некое време доаѓа полицаецот Зоки во многу елегантен, скап Арани костум. И почнуваат прашања од колегите:
– Еј, од каде го купи бе? Од каде имаш пари за таков костум?
– Не го купив, подарок ми е.
– Е кој ти подари такво нешто бе?
– Жена ми. Се враќам денес од работа, а таа ме чека гола во спалната, со костумот оставен на столот.