Полицаецот и студентот со скршените јајца (виц)

Студент носи табла јајца преку улица, кога наеднаш го удира автомобил. Јајцата се кршат, студентот офка. По кратко време пристигнува и полицијата. Полицаецот веднаш ѕвони на 194 за да повика брза помош.
– Ало, Брза помош ли е тоа?
– Да кажете.
– Тука на еден студент му се скршија јајцата.
– А органот како е?
– Органот е на телефон…