Полицаецот и трите желби (виц)

Полицаец си седи во патролниот автомобил и си тепа муви што ќе му влезат внатре. Одеднаш една мува проговорува со човечки глас:
– Не ме убивај, ќе ти исполнам три желби!
Полицаецот:
– Прво, сакам да живеам некаде на југ, покрај море, во своја луксузна вила.
Хоп – и тој седи под палма, во двор на луксузна вила со поглед на морето.
– Второ, сакам да имам неколку прекрасни жени.
Хоп – и околу него 4 прекрасни девојки, подготвени да ги исполнат сите негови желби.
– Трето, сакам да си живеам убаво и безгрижно и ништо да не работам.
Хоп – и повторно полицаецот си седи во патролното возило и си тепа муви…

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *