Полицаецот и жонглерот (виц)
Полицаец запира автомобил за проверка. Во багажникот гледа десет големи ножеви и прашува:
– Зошто носите толку многу ладно оружје?
Возачот:
– Јас сум жонглер и работам во циркусот. Жонглирам со ножеви.
– Не ти верувам, ај покажи!
Возачот ги зема ножевите и почнува да жонглира со нив.
Друг возач кој поминува со автомобилот по патот ја гледа сцената и ѝ вели на сопругата, која исто така е во автомобилот:
– Добро што престанав да пијам во 2023… се чудат какви тестови да измислат само за да ти ги земат парите…
Коментирај анонимно