Полицајка ја соблече униформата и победи на натпревар за убавина

Кога Никола Флос од Англија беше тинејџерка, таа тажно гледаше во кориците на списанијата верувајќи дека нејзиното тело е далеку од идеално. Девојчето почна да се здебелува, се појави нарушување во исхраната, а несакањето кон себе беше придружено со вознемиреност и депресија.

Никола сега има 31 година и работи како детектив во полиција. Меѓутоа, кога девојката ја соблекува униформата, таа презема друга задача – им помага на луѓето да се прифатат себеси. Таа неодамна учествуваше на избор за убавина, каде што блескаше во луксузен син фустан и го освои првото место.

Според Никола, таа „ги поместува границите, ги руши стереотипите и ги предизвикува ограничувањата на светот на убавината“. Во исто време, колегите целосно ја поддржуваат девојката што вози на работа во автомобил со натпис: „Секој има право да се чувствува сигурен и удобен во сопственото тело“.