Полиција се соочува со тужба од 24 милиони евра, затоа што на потерница ставиле инфлуенсерка

Инфлуенсерка на Инстаграм поднела тужба од 24 милиони евра против полицијата, откако нејзината фотографија по грешка била искористена на постер во потерница.

Ева Лопез (31) уживала во својот одмор на Флорида минатиот август кога здогледала потерница со нејзината слика на неа. На фотографијата била Лопез, која е шанкерка и модна инфлуенсерка, како позира за време на ноќно излегување. Во потерницата се велело дека девојката се бара за тешка кражба.

За жал полицијата не само што користела несоодветна фотографија, туку на потерницата ставиле и сосема погрешна личност.

Постерот, објавен од полициската управа во Њујорк, прикажува како Детективскиот одред на 9-та област се обидува да ја идентификува жената на фотографијата за голема кражба.

„На 3 август 2021 година, цимерот на жалителот одговорил на онлајн оглас за ескорт девојка и додека субјектот бил во неговиот стан на 178 2-ра авенија, субјектот го отстранил часовникот Rolex на жалителот вреден 13.000 фунти и кредитна картичка без дозвола или овластување да го стори тоа.“, пишува на постерот, според Њујорк пост.

Лопез во моментот на инцидентот била во Квинс, а не во Менхетен. Откако таа стапила во контакт со NYPD, тие тврделе дека знаеле за грешката и веднаш ги симнале сите објави со нејзината фотографија.

„Тоа веќе беше распространето на социјалните мрежи… сè уште се пренесуваше, сè уште се зборуваше за тоа, сè уште правејќи ме да изгледам како крадец и проститутка“, рече таа.

Лопез, која има 862.000 следбеници на Инстаграм, додаде: „На Фејсбук, [потерницата] беше споделена илјадници пати – 10.000, 20.000 пати. Потоа на Инстаграм многу блог-страници кои имаат милиони следбеници, тие исто така ја објавија“.

Во тужбите на Лопез се наведува дека „инцидентот го нарушил [нејзиниот] личен углед во нејзиното соседство и ја нарушил нејзината професионална репутација при нејзиното вработување“.

NYPD допрва треба да го коментира случајот, но градскиот правен оддел соопшти дека ќе ја разгледа тужбата. Оттогаш Лопез го постави својот Инстаграм на приватен.

Лопез, исто така, тврди дека разговарала со детективот од Ист Вилиџ, Кевин Двајер, кој наводно објаснил како жртвата на случајот им покажала на полицајците фотографии од Ева кога се обидувале да ја идентификуваат личноста која го ограбила.

Марк Ширијан, адвокатот на Ева, рече во тужбата дека случајот „предизвикал и продолжува да предизвикува тешка ментална болка и емоционална вознемиреност на Лопез.

„Њујоршката полиција треба да се посвети на потемелни истраги пред случајно да обвинува и идентификува невини луѓе за фантастични лаги и дрски злосторства“, додаде Лопез.