Полицијата спречи бомбашки напад на бесплатниот концерт на Лејди Гага во Бразил, кој го посетија над 2 милиони луѓе
Бразилската полиција соопшти дека спречила обид за напад со молотови коктели и рачно изработени бомби на бесплатниот концерт на Лејди Гага, кој се одржа на Копакабана плажата во Рио де Жанеиро и кој го посетија над 2,1 милион луѓе. Концертот, одржан на 3 мај, беше прв нејзин настап во Бразил по 2012 година.
Цел и мета на нападот
Акцијата на полицијата, наречена „Операција Лажен Монструм“ (Operation Fake Monster), поигрувајќи се со прекарот на нејзините фанови „малечки чудовишта“, резултираше со апсење на еден маж и еден тинејџер. Истражителите откриле дека групата планирала да изведе напад за да добие внимание на социјалните мрежи. Според извештаите на Globo News, цел на нападот биле деца и припадници на ЛГБТ+ заедницата, а групата ширела говор на омраза и објавувала насилна содржина.
Како дел од акцијата, извршени се претреси на девет адреси, при што биле запленети електронски уреди. Во Рио Гранде де Сол е уапсен маж поради нелегално оружје, а тинејџер е уапсен поради поседување детска порнографија. Полицијата наведува дека групата се обидувала да радикализира млади преку интернет, поттикнувала омраза и поддржувала педофилија.
Безбедносниот план за концертот вклучуваше распоредување на 3.300 воени и 1.500 полициски службеници, како и 400 пожарникари. Настанот привлече околу 500.000 туристи во градот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно