Полицијата уапси две лица, откако „еко-мороните“ ја нападнаа Мона Лиза во „Лувр“ и истурија супа врз бесценетото дело на Леонардо Да Винчи

Полицијата уапси две лица, откако еко-активисти фрлија супа врз Мона Лиза во музејот „Лувр“ во Париз.

Демонстрантите од француската организација „Riposte Alimentaire“, што значи „одговор на храната“, го испрскаа ремек-делото на Леонардо да Винчи од 16 век со супа од тиква, барајќи право на „здрава и одржлива храна“.

 

 

 

Во соопштението од Лувр се вели дека „Salle des Etats“, каде што е изложена Мона Лиза, е евакуиран по демонстрациите и затворен еден час додека се вршело чистење, пред да биде повторно отворен за посетители околу пладне. Парискиот музеј потврди дека не е направена штета на светски познатата слика, која е изложена под заштитното оклопно стакло. По инцидентот, полицијата попладнево соопшти дека привела две лица.

 

 

 

Мона Лиза е една од највредните слики во светот и го држи Гинисовиот рекорд за највисоко осигурување од 100 милиони долари во 1962 година – до околу 1 милијарда долари денес.

На видеото од протестот се гледа како две лица се качуваат и ја фрлаат портокаловата течност кон светски познатата слика. Тие стојат пред испрсканото уметничко дело додека персоналот на музејот брза кон нив за да ги тргне.

Една од активистките потоа ја соблекува јакната за да открие бела маичка со име на еко-групата „Riposte Alimentaire“ испишана со црни големи букви.

Еко-активистите се дел од таканареченото движење на мрежата А22 – збирка на протестни групи во 12 земји низ целиот свет. „Riposte Alimentaire“ ја презеде одговорноста за нападот, кој се случи околу 10 часот, и ги идентификуваше активистите како 24-годишната Саша и 63 годишната Мари-Жулиет.

 

 

„Што е поважно? Уметност или право на здрава и одржлива храна“, прашаа тие, стоејќи пред сликата и зборувајќи.

„Вашиот земјоделски систем е болен. Нашите земјоделци умираат на работа“.

Од Лувр изјавија: „Не е направена никаква штета на сликата, која е заштитена зад ова блиндирано стакло од 2005 година. Веднаш интервенираше персоналот за обезбедување на Лувр“, се вели во соопштението.

Акцијата доаѓа во време кога француските фармери протестираат со денови за да бараат подобри плати, даноци и регулативи.

Премиерот Габриел Атал во петокот најави неколку мерки, но блокадите на патиштата продолжија во различни делови на земјата.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *