Полицијата во Гватемала ја уапси една од НАЈОПАСНИТЕ жени на светот: Вредноста на „главата” на Ла Габи беше 1 милион долари
Во Гватемала полицијата ја уапсила 33-годишната Ана Габриела Рубио Зеа, која била соучесничка на најголемиот мексикански нарко картел Синалоа.
Жената, позната како Ла Габи, беше екстрадирана во САД на 21 јули. Таа е осомничена за соработка со групата Лос Чапитос, која е предводена од тројцата синови на основачот на картелот Хоакин Гузман. Според истражителите, таа одиграла клучна улога во организирањето на транспортот до Мексико на 25 килограми кинески суровини за производство на фентанил. Ла Габи важела за една од највредните соучесници на картелот, бидејќи знаела да организира пратки заобиколувајќи ја царината и не оставајќи никакви траги.
Картелот Синалоа е основан во 1987 година од Хоакин Гузман Лоера, познат како Ел Чапо (Шорти). Со текот на времето, тој стана најголемиот снабдувач на дрога во САД. По апсењето на Гузман во 2016 година, неговите синови ја презедоа организацијата.
За главата на Ла Габи беше поставена награда од 1 милион долари.



Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно