Полицијата во Кина доби нови „колеги“ – Хуманоидни роботи почнаа да патролираат по улиците

Во Шенжен, Кина, полицијата доби нови „колеги“ – хуманоидни роботи PM01. Овие 1,38 метри високи машини не само што патролираат по улиците, туку и мавтаат, се ракуваат и одговараат на гласовни команди. Звучи како научна фантастика? Можеби, но ова веќе е реалност.

 


Со брзина од 2 м/с и цена од околу 12.000 долари, PM01 не е дизајниран да брка криминалци, туку да комуницира со граѓаните и да обезбедува информации. Замислете да прашате полицаец за насока и да добиете одговор од робот со светкави очи. Утеха или аларм за иднината?

Официјално, овие роботи треба да ја зголемат безбедноста и ефикасноста. Но, дали замената на човечкиот фактор со алгоритми ќе ја направи полицијата подобра или само подостапна за контрола? Дали ова е почеток на нова ера или првиот чекор кон роботизирано надгледување?

Што мислите – визија за побезбеден свет или уште еден чекор кон општество од кое ќе трепери и Џорџ Орвел?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *