Полицајците открија 528 килограми кокаин на најнеочекуваното и непријатно можно место

Ајде да речеме, хипотетички, вие сте трговец на наркотици. Вашиот бизнис е прилично бурен, па постојано треба да пронаоѓате кретивни и лукави начини за транспорт на широк спектар на скапи дроги. Автомобилите можат лесно да се нападнат.

Камионите се сомнителни, честопати главниот виновник за транспорт на дрога. Па, што беше изборот овој пат? Контејнери со човечки измет, исто така товарени на камион.

Камионот бил стопиран на главната траса помеѓу градовите Кали и Андалусија во западниот колумбиски дел Вале дел Каука. Товарот бил претежно органски отпад, па сообраќајците решиле да му постават неколку прашања на 53-годишниот камионџија. Тие „намирисале“ нешто сомнително бидејќи неговите одгвори биле чудни и бил прилично нервозен.

Со помош на пожарникарите, еден полицаец влегол во контејнерот на камионот со маска за кислород за да го прегледа изметот. При претресот, полицаецот пронашол мала преграда во која биле пронајдени 432 пакувања завиткани во сина пластика, јавуваат локалните медиуми.

Пакетите, содржеле 528 килограми хидрохлорид на кокаин, скриени меѓу човечките фекалии и органски отпад. Според локалните власти, кокаинот има вредност од над 500.000 евра. Портпаролот на полицијата, Оскар Атеортуа, вели дека шверцерите со дрога го сокриле кокаинот меѓу човечки фекалии и органски отпад за да избегнат откривање. Возачот, идентификуван како Исус Марија Кастило Зулуга, е уапсен, а кокаинот го запленила полицијата, а истрагата сè уште трае.