Полицаец забележа самохрана мајка како плаче пред супермаркет и реши несебично да ѝ помогне
Полицискиот службеник во Бостон, Бен Пегуеро, бил при крајот на својата смена кога ја забележал Џенифер Веласкез, како седи на тротоарот пред супермаркет и плаче. 37-годишната самохрана мајка на три деца првин не сакала да му каже на Бен што не е во ред.
На крајот посрамена му признала на полицаецот дека била во маркетот за да купи основни намирници за децата, но кога пристигнала на касата нејзината картичка била одбиена.
Срцето на Бен му се скршило и тој не можел да дозволи таа и нејзините деца да гладуваат особено во период на пандемија.
Џенифер работи на аеродромот и таа секојдневно е изложена на највисокиот ризик, но поради економската ситуација платата не ѝ била пуштена. Таа му кажала дека по цел ден е на работа, а нејзините деца се прехрануваат со храната која таа ќе им ја однесе, но сега не е во можност да го стори тоа.
Хуманиот полицаец заедно со Џенифер се вратил во супермаркетот и ја наполнил количката со основни намирници. Тој од свој џеб дал 225 долари, за да нејзините деца имаат што да јадат во овие тешки времиња.