Полицаецот и возачот со неисправни задни светла (виц)

Полицаец запира автомобил на пат:
– Господине, зошто не ви работат задните светла?
Возачот излегува надвор и започнува нервозно да трча околу автомобилот. Не само што трча туку и лелека.
– Полека бе човек! Не се нервирај толку, еве нема да те казнам туку само ќе те прадупредам. Тоа е ситна работа, само две сијалички, ќе ги замениш и готово!
– Ситна работа викаш, а? А каде ми е приколката, жена ми, децата!?