Полицаецот од Шпанија ја изненади пензионерката на нејзинот специјален ден

Тони Морено се подготвувала сама да го прослави својот 68-ми роденден во градот Јака, во северната шпанска провинција Хуеска во регионот Арагон откако останала дома за да го намали ризикот за да се зарази со смртоносниот вирус. Бидејќи посетата на семејството и пријателите не доаѓала во предвид, пензионерката ја очекувал прилично осамен роденден, сѐ додека не се вмешале нејзините соседи.

Една од сосетките на Тони, Тереза Гарсија ја видела Тони како аплаудира на двајца полицајци кои одеа по улиците под нејзиниот дом, потоа пензионерката започнала разговор со нив од балконот. Наскоро децата на Тереза ги информирале полицајците дека е роденденот на Тони. Така еден од полицајците реши малку да се помачи и да ја почасти со слатки.