Полицијата во Австралија стопирала глуво и слепо куче кое се возело во мал автомобил

Двајца полицајци во Австралија не можеле да им поверуваат на очите кога забележале како мало куче се вози наоколу во мал автомобил.

Полицајците се движеле низ предградието на Хајделберг Запад во Викторија, кога биле поздравени од изненадувачката глетка на 15-годишниот Бади како го возел својот сјаен црн мерцедес кабриолет тротоарот.

И покрај тоа што достигнал голема старост од 107 години во кучешка возраст Бади весело ги поздравил полицајците кои го стопирале. Поради неговите години тој е глув и слеп. По понатамошната истрага, било јасно дека Бади имал повеќе од мала помош со воланот и разочарувачки, неговите мали шепи всушност не го маневрирале возилото.

Сопственикот на Бади, Тери – кој исто така е глув – одел малку оддалечен од него и со далеќински управувач го управувал малото возило. Полицајците дознале дека кучето често оди на прошетки на овој начин, затоа што поради возраста не може долго да пешачи, но сака да излезе на чист воздух.

Автомобилчето всушност му било донирано од сосед кој се сожалил на кученцето, а нивното дете повеќе не го користело.