Полицијата го уапсила дилерот на дрога откако им пратил „несоодветна порака“

Продавач на наркотици на фестивалот Лидс нема многу среќа во животот.

Мартинас Бенозенко беше фатен со дрога вредна околу 4.000 евра од кокаин и МДМА до мала количина канабис, како и визит-картички на кои било испечатено „Flavour Town LS6“.

22-годишниот, поранешен готвач се „зезнал“ самиот себе откако испратил порака во која ги рекламира залихите на наркотични средства на мобилен телефон издаден од полицијата. Полицијата му пронашла кокаин чист 94%, и 28 други парчиња дрога и 67 таблети МДМА.

Од полицијата велат: „Тој одлучил да продава дрога на Лидс фестивалото целосно и самиот под дејство на дрога. Мислел дека тоа било добра идеја, но и самиот не знаел во што се впушта. Тој влегол на фестивалот и самиот земал многу од овие наркотици, очигледно свртувајќи внимание кон себе, а потоа го испратил својот ценовник до полицијата. Ова е човек кој ја изгубилс војата работа и мислел дека ќе дојде до брзи пари.“

Мартинас добил казна затвор од 3 години и 4 месеци.