Полицијата нападна 19-годишно девојче кое си ја врши работата, затоа што мислеле дека има ОПАСНО ОРУЖЈЕ

Замислете да дојдете на работа, работодавците да ви кажат што треба да носите и што да правите и откако ќе излезете надвор тројца полицајци да скокнат врз вас и да ви стават лисици. Прилично необичен ден нели? Особено ако сте преплашена 19-годишна девојка.

Младата девојка од Канада пристигнала на работа во ресторанот „Coco Vanilla Galactic Cantina“ во Летбриџ и шефот побарал од неа да облече костум за тематскиот ресторан да го прослави Денот на Војна на ѕвездите. Секако девојчето се согласило и пред ресторанот ги поздравувало луѓето кои минуваат.

Сепак некој ја пријавил девојката во полиција дека носи „тешко оружје“. Најмалку тројца полицајци пристигнале пред ресторанот и почнале да ѝ наредуваат да го спушти оружјето. Девојката била исплашена, но и збунета за тоа што се случува.

Бредли Вален, сопственик на Coco Vanilla Galactic Cantina, изјави дека младата жена е една од неговите вработени и не правела ништо лошо во времето кога била приведена од полицијата. Тој вели дека девојка била надвор околу еден час пред некој да повика полиција.

„Мојата загриженост не е дека полицијата одговорила на некој што се јавил и пријавил. Проблемот ми е што откако тие утврдија дека станува збор за лажен реквизит, полицијата сепак продолжи да ѝ се дере со вперени пиштоли, велејќи ѝ да, се спушти со лицето надолу, а потоа продолжија да ѝ стават лисици.“, вели Бредли.

Девојката претрпела и мала повреда откако полицајците ја приморале да го стави лицето на земјата и ѝ потекла крв од носот. Сопственикот на ресторанот потврдил дека таа е негова вработена и дека дошло до недоразбирање и девојката била пуштена.