Полицискиот час и социјалната дистанца не важат за ова друштво, но полицијата мора да преземе контрола

Во последниот период полицајците низ светот имаат еден куп работа со непослушните граѓани кои се движат по градовите за време на полицискиот час, или се собираат во групи. Сепак полицијата во Велс требала да се справува со едно малку необично друштво на „непослушни граѓани“.

Ендру Стујарт, кој во моментот е во изолација во градот Ландудно ги насмеа луѓето откако сподели видео од група на диви кози како се движат и ги „вандализираат“ тревниците низ соседството. Тој се шегува дека се излезени за време на полициски час и дека не ги почитуваат мерките на социјална дистанца.

Човекот се јавил во полиција и наскоро полициска патрола со автомобил почнала да ги брка козите. „Жал ми е ако ги уапсија козите, но беа многу непослушни.“, напишал Ендру. Сепак иако таа вечер полицијата ги избркала, дивите кози си останале упорни и се вратиле во соседството наредниот ден.

Кога подобро ќе размислиме и некои луѓе се однесуваат исто вака…

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.