Политичар на годината во Србија: Кога прекарот ти одговара на професијата

Како велат Србите: „Ко призна пола му се прашта“, па така и Богдан Ѓукиќ вели дека се гордее со својот прекар „ЛОПОВ“ по кој е познат меѓу луѓето. Не, ова воопшто не е шега и станува збор за вистинска ситуација. Тој е кандидат на „Српската демократска странка“ во општината Теслиќ и на предизборниот плакат гордо си го истакнал прекарот. Моментално Лопов си ја има сменето партијата и сега е член на „Сојузот на независни социјалдемократи“ каде што повторно ќе се кандидира на локалните избори. Дали ова треба да стане универзален прекар за сите политичари?